Бен Садик и Плазибат одбија да се борат меѓу себе

Џамал ​​Бен Садик и Антонио Плазибат нема да се борат меѓу себе.

Тие требаше да се пресметаат во тешка категорија во октомври на боречката карта на настанот Глори: Колишн 4 кој ќе се одржи на 8-ми октомври во Арнем, Холандија.

Џамал ​​и Антонио се соборци и спаринг партнери во теретаната на Мајк Пасение. Ова е причината поради која двајцата одбија да се соочат во рингот.

Бен Садик се бореше во август оваа година и го нокаутира Бенџамин Адегбуи во првата рунда. Плазибат, пак, го нокаутира Тарик Хбабез во мај оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО