Жена била претепана на јахтата на Конор Мек Грегор

Млада жена која тврди дека била нападната на забава на луксузната јахта на борецот на УФЦ, Конор Мек Грегор, поднела жалба до Гардаи.

Како што пишува Ајриш сан, жената има околу 20 години и живее во Даблин.

Таа минатиот месец даде изјава пред полицајците во станицата Сандрив Гарда во Крамлин. Таа тврди дека добила модринки при наводниот напад на супер јахтата на спортската ѕвезда со три палуби додека била на шпанските Балеарски Острови.

Се верува дека наводниот инцидент се случил на 17 јули, кога Мек Грегор го прославувал својот 34-ти роденден. Тврдењата на жената и деталите за медицинските прегледи сега се испратени до шпанските полицајци во Форментера на Балеарските Острови.

Иако „Гардија Цивил“ веќе „отфрли дека сторителот бил самиот Конор Мек Грегор, или дури бил вклучен во инцидентот, истрагата е во тек. Не е јасно дали жената има намера да води какви било граѓански тужби.

Како дел од нивната истрага, шпанските власти го испитуваат видео надзорот од пристаништето за време на наводниот инцидент. Нејасно е дали некој што бил на јахтата ќе биде повикан како сведок.

Според пишувањето на шпанските медиуми, наводната жртва била прегледана во блиската болница и лекарскиот извештај укажувал на траума на главата. Поранешниот двократен шампион на УФЦ имаше роденден на 14 јули.

Мек Грегор ги почести гостите со коктели направени со неговото виски Пропер 12, а беше послужена и огромна торта со неговото име. За таа прилика, тој ги донесе и своите луксузни јахти на островот.

Неговото 3,5 милиони евра „ламборџини техномар 63“, наречено „суперавтомобил на морето“, беше домаќин на некои од прославите. Како и неговата суперјахта со три палуби, која има воден тобоган на надувување, ѕид за качување и „морски базен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО