Нашите џудисти денес останаа без медали на Балканското првенство за пионери

На првиот ден на Балканското џудо пpвенство за пионери двајцата наши претставници загубија по две борби со што ја изгубија шансата за пласман на пиедесталот.

Михаел Талески (-50 кг) во првата борба се сретна со натпреварувач од Грција, додека во втората борба (репесаж) се бореше против бугарски репрезентативец.

Анамарија Стојмиловска (-44 кг) во првата борба се сретна џудист од Турција, а во втората средба (репесаж) се бореше против натпреварувачка од Косово.

„Со оглед дека се работи за млади натпреварувачи кои дебитираа на вакви првенства од висок ранг, им претстојат уште многу турнири и борби и во натамошниот период од нив може да се очекуваат и резултати на вакви натпреварувања“, велат од Џудо федерацијата на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО