Барбара Стојкоска најдобар борач на Меморијалниот турнир „Љупче Црвенкоски“ (ФОТО)

Барбара Стојкоска од 7 Мај Прилеп е најдобриот борач и победник на Меморијалниот турнир „ЉупчеЦрвенкоски – Црвенио“ што се одржа денеска во Прилеп.  

За најдобар домашен борач е прогласен Стефан Штерјов од Балканец, додека најдобар техничар е Омер Мемеди од Лирија. Најдобрите странски борачи во машка и женска конкуренција се борачите од Абони – Унгарија.

Најдобар техничарка е Стефани Николова од Неготино, а најдобра домашна борачка Викторија Стојаноска 7 Мај Прилеп. Најдобар судија е Тамара Игнатовска.

На турнирот учествуваа околу 120 борачи и во машка и во женска конкуренција од Србија, Унгарија и Македонија.

Пред турнирот, од 6 до 10 август, се одржа 18-от меѓународен камп на кој учествуваа 40-тина борачи во слободен стил, грчко-римски и женско борење од 7 Мај Прилеп, Раднички Сомбор и Абони од Унгарија, како и гости борачи од Неготино и Тигар од Скопје.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО