Балканец со 10 медали од турнирот во Прилеп!

7 maj leov na plostadot vopp

Вчера се одржаа традиционалниот Меѓународен турнир во борење за кадети и младинци во организација на „7 Мај Леов“ во Прилеп, на кој борачите на Балканец освоија 10 медали.

Златни медали освоија Михаил Николов и Серхан Шакиров, а Мартин Стојанов, Стефан Тоневски, Џан Назифов и Васе Спасов се изборија за сребрени медали. Со бронзени медали се закитија Бобан Мијалев,Џан Демиров,, Марио Ангелов и Далибор Гичев.
На турнирот учествуваа 60 борачи од Македонија, Србија, Косово и Австрија.

Турнирот беше искористен и за преборување на кандидатте за СП во Сараево од 25 до 30 август, во категоријата до 74 килограми, меѓу Џан Назифов од Балканец и Рамадан Мустафовски од Тефејуз. Мустафовски беше подобар и во двете борби.

Интересно е што во категоријата до 46 килограми се сретнаа и двајца учесници од ЕП за кадети во Суботица, штипјанецот Мартин Стојанов, кој беше деветти во катгоријата до 42 килограми и Србинот Филип Фргиќ. Иако Стојанов настапи во повисока категорија, до 46 килограми, го победи својот противник, но во финалето загуби од претставникот на Косово.

„ Задоволен сум од квалитетот на борбите на турнирот.Организацијата беше одлична“- изјави еден од тренерите на младите категории на Балканец, Горан Стојанов.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО