Балканец ја перкинува соработката со ФБСМ, не се задоволни од соработката со Чифлиганец

Balkanec cela ekipa 2016

Членовите на Управниот одбор на БК Блаканец имаа средба со претседателот на ФБСМ, Ванчо Чифлиганец, укажувајќи му дека неговите ставови и политиката на раководството на ФБСМ се погрешни и штетни за борењето во Македонија, поради тоа ја прекинува секоја соработка со Федерацијата сѐ додека не се прифатат клупските ставови, се вели во соопштението на штипјани

Повод за ваквиот став на Балканец е промената на местото на организација на „Македонскиот бисер“ (10 и 11 јуни), како и неприфаќањето на клупскиот претставник во Управниот одбор на ФБСМ. Клубот ги издвои овие две причини како најважни.

„Од страна на претседателот ни беше предложено еден наш член да биде САМО присутен на состаноците на Управниот одбор на ФБСМ, но и НЕ да има право на глас при донесување на одлуки. Срамно за една федерација да не му овозможува на најтрофејниот и најуспешниот клуб во Македонија да креира политика за унапредување на борењето во Македонија. Некои клубови имаат и по тројца членови во УО, има членови коишто доаѓаат од места каде што нема боречки клуб, а за некои не ни е познато кое е нивното својство, каков интерес застапуваат во ФБСМ, а не се ниту финансиери во ФБСМ“.

Balkanec za Makedonski Biser

Турнирот „Македонски бисер“ според календарот на светската боречка организација му е доделен на БК Балканец. Бараме да ни се одговори: кој и зошто го пресели во Скопје? Двајца штипјани, Трајчо Димков и Добре Маринковски, кои биле присутни на споменатиот состанок на УО, воопшто не реагирале при поставувањето на оваа точка на дневен ред, ниту дискутирале за причините за одземање на „Бисерот“. Чиј интерес застапуваат?

Балканец се жали и на непрофесионалниот однос на ФБСМ и некои раководни луѓе кои „освен сопствен интерес и кариера друго ништо не ги интересира, како за борачите така и за борењето во Македонија“.

„Доказ за тоа се и последните две изборни првенства, на кои повеќето челни луѓе од ФБСМ не се ни појавија во салата. На овие два турнири дојде и до инциденти пред кои ФБСМ замижува како ништо да не се случило, без донесување на соодветни дисциплински одлуки, кои ќе бидат како поука за во иднина“.

Balkanec meil za Biserot

Лани се формира Иницијативен одбор за промени во ФБСМ, но освен на претседателското место други промени не се случија. На турнирот „Петко Сираков“ во Софија, поради непрофесионалното работење на ФБСМ беше под знак прашалник настапот на нашите борачи, а лиценцата мораа да ја платат клубовите, се вели во соопштението.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО