Балканец и Лирија ќе се борат за превласт, а Тефејуз и Бичим да им ги расипат сметките на Изборното првенство У-23

Bogadnov Balkanec na Drzavno vo radovis

Утре во Радовиш се одржува Изборно првенство за борачи до 23 години, всушност, поголемиот дел од нив веќе се сениори. Се очекува на душекот да се појават околу 50 борачи од 8 клубови.

Меѓу фаворитите за најголем успех се Балканец, Лирија, Тефејуз и Бучим.

„Утре одиме подготвени со 10-тина борачи. Нашата цел е да се вмешаме во врвот и да и ги расипеме сметките на Балканец и Лирија“, вели тренерот на Тефејуз, Назми Али.

Тој како сигурни адути ги посочува Бехар Махмути, Рамадановски и други.

Па имаме многу окуллу 20 бораци некоји се млади прв пат уцествуват за У23

Тренерот на Лирија, Седат Бафтиу, е категоричен вели дека очекуваат 4 – 5 први места.

„ Ние сме подготвени и верувам дека во добро атмосфера ќе се појавиме во Радовиш“, рече Бафтиу.

Бучим смета на квалитетите на Иван Јанев, Критијан Крстев и Фиданчо Јованов, можеби и на

Од борачите на Балканец најмногу се очекува од Стефан Никовски, Васе Спасов, Никола Димитриев…
Изборното првенство ќе се одржи утре, сабота во спортската сала во Радовиш.

Во понеделник ќе биде објавен составот на репрезентацијата која ќе отпатува на подготовки Бугарија. Потоа, наредниот викенд ќе земат учество на Меѓународниот туренир „Петко Сираков“, а на 8-9 март ќе учствуваат на Европското првенство во Рига-Латвија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON