Белатор 149: Контроверзна победа на Грејси над Шамрок, Кимбо победи во мечот кој предизвика потсмев (ВИДЕО)

roycegracie-davemandel

Дваесет и три години по првиот Меч, Ројс Грејси и Кен Шамрок повторно се сретнаа во кафезот во Хјустон.

Бразилецот (49г.) и по третиот меч со „Најопасниот човек во светот е непоразен, но до победата дојде по грешка судијата.

Третиот човек во кафезот не го виде коленото на Грејси во гениталиите на Шамрок и дозволи Бразлецот да продолжи со граунд ’н’ паунд во средината на првата рунда и дури потоа ја прекина борбата.

Во мечот кој предизвикува потсмев Кимбо Слајс со прекин во третата рунда го победи Дада 5000. Кимбо е до победата дојде откако неговиот противник се струполи од замор.

Дерек Кампос во почетокот на втората рунда го нокутираше поранешениот борец  на УФЦ, Мелвин Гилјард, на кого ова му беше трет последователен пораз.

Поранешниот првак во полутешка категорија, Емануел Њутн, е поразен со едногласна одлука од Англичанецот Линтон Васела.

https://youtu.be/5ioQU4vb4Ik

https://youtu.be/_8otgu6fsXk

https://youtu.be/9rZE-EpJdJM

https://youtu.be/neAKTB74DcA

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО