ЕКСКЛУЗИВНО-Бесмир Весели: Сакам подобар живот и нешто различно од борењето, а во УФЦ ќе се слушне за мене! (ФОТО/ВИДЕО)

Besmir Veseli na EP U23 vo Polska - borba

Борачот на Лирија, Бесмир Весели, минатиот викенд ја изнанади македонската јавност со настап во ММА во САД, кој во категоријата до 74 килограми ја забележа првата победа со нокаут за 20 секунди, кој што се одржа во Чикаго.

 Репрезентативецот на Македонија славеше против Колин Пор, во „Тотал фајт челинџ“, односно ТФЦ лигата, која опстојува 20 години. Пор претходно имал три  победи од три меча.

Besmir Veseli vo MMA Cikago

Зошто замина за САД?

-Заминав во САД за подобар живот.

Дали ова значи и збогум со борењето?

-Можеби, затоа што кога дојдов барав клубови да тренирам, ама не можев да најдам, бидејќи тука сите тренираат во колеџи. Се борат за универзитетите, така што јас не можев да се борам за колеџ и барав нешто различно. Најдов еден ММА клуб каде што два пати неделно се тренира борење.

Besmir Veseli

 Беше дел од репрезентативниот тим на Македонија. Дали ова значи дека нешто не чеинеше во борењето и реши да си ја испробаш среќата во еден нов спорт кој се повеќе зема замав?

-Да, бев во репрезентацијата на Македонија. Не дека не чинеше нешто, така, сакав да најдам нешто различно и да пробам ММА, затоа што 80 отсто од борбата е борење. Тоа беше една од мотивациите. Зошто да не се испробам во овој спорт!?

Колку ти помогна борењето за настап во ММА?

-Имав мала предност, бидејќи сум борач немав толку проблеми за да почнам да тренирам. Велат, ако си добар со борењето со другите вештини нема да имаш проблем. Ќе ги научиш. Бидејќи борењето ти одзема многу време од другите спортови, ако не го знаеш. Така, ако си добар борач се друго е полесно.

Што може да очекуваме во ММА од Бесмир Весели?

– Може да очекуваме многу добри резултати, пред се, ако продолжам со вака добри тренинзи и добри спаринзи. Ми треба само малку искуство и тоа е се.

Besmir Veseli so nekogo vo SAD

Како се справуваш со другите вештини?

-Со другите вештини сум добар, не стојам лошо. Почнав помалку да учам бокс и мај тај, а џиу џицуто е резлично со борењето. Добро се снајдов.

Како е да се биде спортист во САД за разлика од Македонија?

-Да се биде спортист во САД и во Македонија, разликата е многу голема. Почнувајќи од тренинзите, храната, дисциплината, професионализмот и така натаму.

И, како те прифаќаат, бидејќи си борач со искуство и доаѓаш од клуб со многу освојувачи на олимписки, светски и европски медали?

-Добро. Беше супер.

Дали пред тебе е предизвикот да настапуваш во УФЦ или Белатор?

-Нормално, опсесија на секој спортист е УФЦ! Така, мислам еден ден и за моето име да се слушне во УФЦ.

Besmir pobednik protiv Sciranaka

За Бесмир Весели

Бесмир Весели почнал да тренира борење во БК Тефејуз кај тренерот Реџеп Асани. По 4 години тренерот Асани му рекол ако сака поголеми резултати треба да го смени клубот, однонсо да премине во БК Лирија, затоа што тоа е екипа каде ќе може да направи успех. Вкупно, седум години се занимава со борење, а четири години е дел сениорската репрезентација на Македонија и две во јуниорската. Има освоено сребрен медал на Медитеранските игри, прво место на меѓународен турнир во Кипар и многу други турнири во Бугарија, Турција. Прво место на Бјорнер купот во Шведска, како и многу домашни титули и добри резултати од други турнири. Има настапувано на Европското првенство во Загреб 2012, на ЕП во Полска 2015 до 23 години, при што од 24 борачи го освои 9-тото место со една победа и еден пораз од Русин.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО