Baku2015.com: Зубаиров еден од петте македонски победници во Радовиш!

Slika za borenje od baku

Халил Зубаиров е меѓу петте домашни борачи кои освоија златни медали во борење во слободен стил на „Македонскиот бисер“, пренесува официјланта veb-страна на првите Европкси игри baku2015.com.

Понатаму се наведува дека Зубаиров, кој на Европското првенство во У-23 оваа година го освоил бронзениот медал, го освои златниот медал на 39. Македонскиот бисер во категоријата до 86 кг, пред Бугаринот Светослав Димитров и Мартин Скријанка од Словачка.

Зубаиров освои еден од петте златни медали на македонските борачи, кои освоија 13 од вкупно 24 медали.

Тројца од останатите Македонци, што своија медали, во 2014 година учествуваа на Светскиот шампионат во борење, а тоа се Јасин Реџелари (61кг) и Дејан Митров (70 кг) се закитија со златни медали и Бобан Данов (125 кг) бронзен.

Златен медал освои и Иван Јанев (57 кг), а земјата домаќин, освои уште два сребрени и шест бронзени медали.

Македонските борачи не успеаја да ги освојат првите места во три категории. Арлин Цури од Косово победи во категоријата до 65 кг, каде што локалните борачи Кристијан Пешко и Ертан Реџепи обезбедија сребрен и бронзен медал. Ѓорѓи Златков (- 74 кг) од Бугарија беше пред српскиот борач Заур Ефендеив и Бесмир Весели од Македонија. Белорусинот Алексеј Николаев победи во категоријата над 125 кг пред Стефан Војчак од Словачка и Бобан Данов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО