Бадр Хари засилено тренира и за време на Рамазанските пости (ФОТО/ВИДЕО)

Големата кик бокс легенда, Бадр Хари остана без борба во јуни, откако Глори објави дека го откажуваат настанот Глори 78: Бадр против Бени, закажан за 20 јуни во Ротердам. Ова се должи на ограничувањата наметнати поради коронавирусот. Сепак, Хари е страшен и не престанува да се подготвува, бидејќи не знае кога ќе се закаже настанот. Сака да биде во форма за Бенџамин Адегбај и да ја оствари својата прва победа во Глори.

Во моментов, во тек се Рамазанските пости, во кој верниците постат од утро до вечер, без да јадат храна или да пијат вода. Ова не го спречува лошото момче на кикбоксот да тренира. Тој постави кратко видео и фотографија од неговиот тренинг, демонстрирајќи во каква како форма е.

Хари беше близу до победа над Рико Верховен во декември минатата година, но беше повреден и по втор пат со технички нокаут загуби од холандскиот ас.

https://www.instagram.com/p/B_pxemNll5Q/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/B_kUc5nFhh8/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО