Жорж Сент Пјер земал само 6.000 долари за дебито во УФЦ

Една од најголемите легенди на ММА, Жорж Сент Пјер рече дека заработил 6.000 американски долари од првата борба во УФЦ.

„Раш“ имаше скор 5-0 во ММА, со сите победи ги извојува во 2003 година. Оваа серија му донесе договор со УФЦ, при што дебито го направи против Каро Паросијан на УФЦ 46 во јануари 2004 година во Вегас. Платата на Сент Пјер изнесуваше 3.000 американски долари, а добитниот бонус исто така беше 3.000 долари.

Многумина очекуваа да ја загуби оваа битка, но легендарниот борец победи со одлука на судиите. Така ја почна возбудливата кариера во УФЦ, во која оставари сккор од 26-2 и стана шампион во две различни категории. Минатата година Сент Пјер се повлече од ММА откако УФЦ не му дозволи да се бори против Хабиб Нурмагомедов. Жорж на својот профил објави доказ за дебитанската борба и ги откри опциите за плаќање.

„Мојата прва борба во УФЦ беше во 2004 година на УФЦ 46. Мојата плата беше 3000 долари со бонус од 3000 американски долари, ако победам. Сите очекуваа да ја загубам оваа средба“.

https://www.facebook.com/georgesstpierre/posts/10163746022210650

https://www.instagram.com/p/B_n2AVAJ1Ys/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО