Историска фотографија: Првите МАКЕДОНСКИ медалисти! (ВИДЕО)

Првите МАКЕДОНСКИ медалисти!

Да, точно така, ова се првите освојувачи на медали за независна Македонија и тоа: Елвир Куртановиќ – златен медал, Зоран Пејов – бронзен и Ангел Георгиев – бронзен.

Оваа извонредна екипа ја предводеш  селекторот и национален тренер Чедомир Саздовски.

Извонредниот дебитантски настап се случи на Европското карате првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година. Пејов го овсојува медалот во У-21, како и Куртановиќ, а Георгиев во кадетска конкуренција.

Оваа фотографија ретко се појавува во јавноста. Голема благодарност до Саздовски кој ја извади од архива, бидејќи ова е историја на спортот и на држвата.

Саздовски под фотографијата напиша: „Зорна Пејов- бронзен медал (тој го освои првиот медал на официјално Европско карате првенство, а тоа е и првиот освоен медал во однос на сите спортови од МАКЕДОНИЈА) и Ангел Георгиев бронзен медал…Медали освоени на официјалниот Европски шампионат во Кардиф – Велс во 1993 година“.

https://www.facebook.com/karateklub.keiks/videos/2253733374661305/?t=0

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО