Мајк жестоко го „здрма“ тренерот и работи на враќањето во рингот (ВИДЕО)

Мајк Тајсон минатата недела најави дека е подготвен да се врати во рингот за да биде дел од хуманитарен бокс спектакл, сега ни докажа дека навистина е сериозен во оваа намера.

Во текот на денешниот ден вистински хит на социјалните мрежи е видеото на кое се гледа како „челичниот“ Мајк жестоко тренира со својот тренер, а моќта во ударите и неговото движење делуваат навистина импресивни за човек кој во јуни ќе наполни 54 години.

„Сакам да почнам да вежбам и да се вратам во форма за да боксувам во меч од три или четири рунди. Тоа би го направил за хуманитарни настани или нешто слично. Би бил воодушевен да бидам дел од такви егзибиции за да им помогнам на луѓето кои имаат тежок живот“, порача Тајсон минатата недела.

https://twitter.com/MikeTyson/status/1256300450539700224?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1256300450539700224&ref_url=https%3A%2F%2Fderbi.mk%2Ftajson-e-seriozen-vo-namerata-majk-zhestoki-udari-go-zdrma-trenerot-raboti-na-vrakjanjeto-vo-ringot-video%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО