Емил Павлов е петти на светската ранг листа на ВКФ

Емил Павлов е петопласиран на светската листата на ВКФ со 3457,50 поени во категоријата до 60 килограми, што е еден од највисоките пласмани на еден наш каратист.

Дархан Асадилов од Казахстан ја предводи листата на најдобрите каратисти во категоријата до 60 кг со 9517 поени, па следат Анџело Крешченцо од Италија (7680), Ерај Садман од Турција (7447), Каисар Алисбај од Казахстан (3607,50) и Емил Павлов – Македонија (3457,50).

Сепак, за олимписката норма нашиот најдобар каратист ќе се бори на квалификацискиот турнир во Париз идната година, а кој требаше да се одржи сега во мај.

Другите наши каратисти се наоѓаат на следните позиции:

Петар Заборски (-75 кг) е 79 место со 532,50 бодови и Азиз Исмаил 98-ми со 397,50;

Берат Јакупи (-84 кг) со 1515 поени е на 28 позиција, Петар Спасеновски (1132,50) е 35-ти и Виктор Крстевски (277,50) 99-ти;

Жарко Арсовски (+84 кг) со 667,50 е на 48 место;

Драгана Манговска (-50 кг) е 76-та со 315 поени и Сара Радичевска 127-ма (120);

Симона Заборска (-55 кг) 114-та (217,50) и Јована Георгиева 117-та (202,50);

Вероника Костовска (-61 кг) е 68-ма (570), а Наташа Стефановска 87-ма (397,50);

Ангела Мојсовска (-68 кг) се најде на 42 место со 817,50 бодови, додека Моника Стефановска е 95-та со 240 поени и

во кати Пуликсенија Јованоска е 58-ма со 592,50 бодови, Ферри Исиќ 86-ти со 352,50.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО