Документарецот „Кобра“ посветен на Шабан Трстена премиерно на Телма

Вечерва ТВ Телма ќе има телевизиска премиера на документарниот филм „Кобра“ кој е посветен на спортскиот живот на нашиот најтрофеен спортист, олимспикиот шампипон Шабан Трстена, со почеток во 19:15 часот.

Инаку, македонската премиера на „Кобра“ беше на 21 април 2018 година во киното „Милениум“ во Скопје, а многу пати филмот беше по фестивали и други свечени настани.

Филмот го направи „Скопје филм студио“ во состав: Игор Иванов – режисер, Томи Слаковски – продуцент, Владимир Павловски и Димитар Минов.

Филмот го обработува спортскиот живот на Трстена, како најголемо македонско спортско име почнувајќи од неговото раѓање на 1 јануари 1965 година во Скопје во сиромашна фамилија.

„ Иако сум од една сиромашна фамилија, не се откажував и не се предавам пред вас и нема да потклекнам пред моќните држави, бидејќи имам голема волја и доверба во мојата спортска душа и целосно убедување дека со голема работа и посветеност ќе стигнам до таму и ќе ве победам. И на 17 годишна возраст се соочив со многу борачи од светски калибар, и ги победив сите големи спортисти од големите моќни нации – Американци, Руси, Јапонци, Германци, Турци, Италијанци, Бугари, Французи и Иранци“, вели Трстена.

Во неговаата 19-годишна спортска кариера постигнал 757 победи

„За 19 години освоив се што може да се освои. Станав најмлад олимписки шампион во историјата на олимпизмот во 1984 година. Четири години подоцна, на следната Олимпијада во Сеул во 1988 година, повторно блеснав на пиедесталот, овој пат освојувајќи го сребрениот медал, бидејќи поради повреда на коленото не успеав да ја одбранам титулата од Лос Анџелес. Во мојата кариера два пати бев прогласен за најдобар борач во светот и Европа, и тоа во олимписките години 1984 и 1988. Шест пати бев прогласен за најдобар спортист на Македонија за сениори и 4 пати за најдобар млад спортист, 10 пати бев прогласен за најдобар спортист на град Скопје. Во олимписката 1984 година, еден млад спортист од Македонија беше прогласен за најдобар спортист на Југославија. Во 2000 година бев прогласен и за Спортист на 20 век во Македонија“, истакнува Трстена.

Но, како дошол да успесите може да видите во документраниот филм „Кобра“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО