Миочиќ: Во моментов сум загрижен за она што се случува во светот. Воопшто не размислувам за борби

Миочиќ: Во овој момент сум загрижен за она што се случува во светот. Воопшто и не размислувам за борби

Стипе Миочиќ (19-3, 13-3 УФЦ) во овој момент не размислува да се врати во октагонот.

37-годишниот Американец со хрватско потекло не се борел од минатиот август кога го во реваншот го нокаутира Даниел Кормиер и си ја врати титулата во тешка категорија на УФЦ.

Потоа се опоравуваше од повредата на окото здобиена во таа борба, а во моментов како пожарникар во Кливленд, Охајо, дава придонес во борбата против пандемијата на коронавирус.

„Нема шанси. Мислам, ако не можам да направам целосен тренинг камп, нема зошто да се борам“, рече тој во интервјуто за „Скор“.

Се очекува во следниот меч, кога ќе дојде време за тоа, да се бори против Кормиер по трет пат.

„Не се замарам со тоа. Во моментов сум загрижен за она што се случува во светот. Боречите вештини нема да исчезнат. Секогаш ќе бидат тука. Треба да се ослободиме од ова и да се погрижиме секој да се чувствува безбеден и повторно да живее нормален живот“.

„Страшно е. Особено што имам ќерка и сопруга, не сакам да ја донесам тоа дома. Истовремено, тоа е она на што се согласив – ние пожарникарите, итната помош, сестрите, докторите. Тоа е она на што се согласиле. Знаат што може даим се случи“

„Засега имавме само неколку повици, но ништо необично. Беше супер. Тоа значи дека луѓето навистина слушаат. Го сакам тоа што го работам. Нема да побегнам. Ќе бидам таму каде што сум. Причина поради која станав пожарникар и болничар е тој што цел живот ми помагаа за да бидам тука каде што сум. Вака им враќам. Ова е како да се вратам. Сакам да им помагам на луѓето, сакам да им возвраќам на луѓето“.

Миочиќ вели дека во овој момент воопшто не тренира.

„Не. Искрено, не тренирав. Салата е затворена, а во нашата куќа немаме многу од тоа, така што и не можам да правам многу од тоа“.

Додаде дека состојбата со окото е се подобра.

„Дефинитивно оди на подобро“.

https://www.youtube.com/watch?v=Ksfw5gKwWNw&feature=emb_logo

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО