Бадр Хари: Ќе се борам само со сериозни кандидати

Легендарниот кикбоксер Бадр Хари ќе се врати во рингот на крајот од годината и ќе ја одржи првата борба од новиот договор со Глори. Неодамна, мароканскиот борец потпиша договор на три години со најдобрата организација за кик бокс и е подготвен повторно да го освои врвот.

Тој тренира напорно и е во брутална форма и само чека да му истече суспензијата. Тој беше суспендиран 19 месеци за пад на допинг тест, а неговата последна победа над Хесди Герге беше поништена. Денес, Хари социјалните мрежи објави дека ги разгледува можностите за борби, но само со сериозни противници, а не борци кои се непознати.

„Ќе контактираме со кандидати кои се сериозни борци. Не со оние што не се подготвени за мене“.

https://www.instagram.com/p/BxiWFp5H6lQ/?utm_source=ig_embed

Пред неколку дена Рико Верховен, кој е слободен агент, изјави дека е подготвен пак да потпише договор со Глори, но само ако има реванш во декември со Бадр.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО