Дејан, Филип и Анамарија се подготвени да дадат се од себе за добар резултат на СП во таеквондо во Манчестер

Нашите репрезентативци се чуствуваат одлично и се прилагодија на климата во Манчестер пред утрешното мерење и жребување на Светското таеквондо првенство за сениори, велат од нашиот табор и истакнуваат дека до настапот во недела се прават лесни трнеинзи и ги следат тековните борби на шампионатот.

Боите на Македонија ги бранат Анамарија Георгиевска (-61 кг), Филип Додевски (-87 кг) и Дејан Георгиевски (+87 кг).

„Претходните два месеца ги анализиравме противниците. Не очекува тешка борба“, вели тренерот Дарко Костовски и додава:

„Секако дека очекуваме висок пласман. Ќе дадеме се од себе да се случи тоа. Подготвени сме. Докажавме дека сме рамо до рамо со борците од висока класа во овој олимписки спорт и со Господ напред одиме да дадеме се од себе. Конкуренцијата е пеколна, актуелни олимписки и светски шампиони, но дојдовме да покажеме дека без компромис ќе дадеме се од себе без разлика на тоа кој ни е противник“.

Сите наши репрезентативци на се носители на значајни медали од најголемите натпреварувања.

На Светското првенства е феноменална атмосферата, можеби една од најдобрите до сега. Всушност, во оваа сала многу пати боксирал и светскиот боксерски шампион Ентони Џошуа.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО