Бадер прв финалист на Гран прито, Харитонов го ноутира Нелсон (ВИДЕО)

 

Рајан Бадер е првиот финалист за Големата награда на Белатор во тешка категорија.

Првакот во полутешка категорија во полуфиналето во Анкасвил со доминантна изведба дојде до победа до едногласна одлука на судиите против Мет Митрион.

Во финалето ќе се бори со подобриот од вечерашниот дуел меѓу Федор Емелијаненко и Чаел Сонен.

Сергеј Харитонов со коленото во последната секунда на првата рунда го нокаутира Рој Нелсон.

Откако дебито го заврши за 63 секунди, Мајк Кимбел успеа да го надмине тоа во вториот настап. Кимбел се борбата во бантам категорија против Алекс Поц (1-1) ја заврши со нокаут за само 6 секунди и со тоа се изедначи со Хектор Ломбард за најбрзиот нокаут во историјата на Белатор.

Во воведниот дел од настанот Канадецот Мандел Нал (7-0) со одличен потег со коленото на почетокот навтората рунда го нокаутира Карингтон Бенкс (7-2).

Кори Браунинг во втората рунда го нокаутира синот на покојниот Кимбо Слајс, Кевин Фергусон помладиот.

Белатор 207:
Рајан Бадер – Мет Митрион (едногласна одлука на судиите, 30-25, 30-24, 30-25)
Сергеј Харитонов – Рој Нелсон (КО, Р1)
Лоренц Ларкин – Јон Паску преку едногласна одлука (едногласна одлука на судиите, 29-28, 29-28, 29-28)
Кори Браунинг – Кевин Фергусон Јуниор (ТКО, Р2)

 

https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=E70vRrdaubM

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО