Се појави снимка од целиот рагзовор на Путин, Хабиб и неговиот татко со превод (ВИДЕО)

 

Ако сакате интересира како изгледаше средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и најголемата руска МЛД ѕвезда Хабиб Нурмагомедов, кој беше во друштво на својот татко Абдулманап, тогаш секако погледнете го видеото во продолжение.

И додека во првиот момент се појави само на кратка снимка со неколку моменти, сега на сервисот на Јутјуб е достапно видео кое го покажува целиот разговор на Путин и спортскиот тандем. И тоа со преводи на англиски јазик, па лесно  може да следите за што зборувале.

„Сакам да ви честитам за победата и да му честитки на твојот татко што  одгледал таков син“, почна Владимир Путин на што реплицира Абдулманап „дела не било лесно и дека отсекогаш бил проблематичен“.

На што снаодливиот руски претседател пак контрираше:

„Да беше лесно, сега не би бил толку добар борец“.

На ред дошол и инцидентот што се случи по УФЦ 229, а кој ја извалка целата изведба на Нурмагоме во октагонот, која беше спектакуларна. Путин беше јасен нагласувајќи дека станува збор за спорт и дека требало да се почитуваат правилата.

„Знам дека таму се преставуиваше лично себе, а не Русија. Но, на крајот од денот, вие сте руски државјанин и ние се грижиме за впечатокот што го оставаш. Се грижиме што мислат луѓето“, рече Путин, но веднаш го замоли таткото на Хабиб да не го казни толку жестоко како што најави.

„Ќе го замолам твојот татко да не биде премногу строг во однос на казната, затоа што сепак ја твојата главна мисија, заслужено и неприкосновено“, рече тогаш Путин.

Целиот разговор на рускиот претседател со семејството Нурмагомедов може да го погледнете во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО