Азис Исмаил е најпријатното изненадување во Кобург на Премиер лигата!

Koburg premier liga

Азис Исмаил (-75 кг) од КК Металург е најпријатното изненадување на Карате 1 Премиер лигата во Кобург, Германија, од македонските претставници и тоа во најбројната категорија.

Тој за бронзениот медал се бореше со Матуш Лиесковски од Словачка и загуби со 2-0. Но, ова е голем успех за Исмаил, кој се бори за место во јуниорската репрезентација со Петар Заборски за Светското првенство во Иноднезија од 12 до 15 ноември

Исмалил стигна до полуфиналето, при што за влез во финалето се бореше нрешено 0-0 со Французинот Корентин Сегуј, но понатаму продолжи противникот. Каратистот на Металург во првото коло го победи со 4-0 Камил Росински (Полска), потоа Лудвиг Абил (Данска) 1-0, па Чехот Петр Кучичка со 2-1, а за влез во полуфиналето беше подобар од Веселко Бркиќ од Босна и Херцеговина, славејќи со 2-1.

Во истата категорија на своето деби Петар Заборски (Макпетрол) забележа победа и пораз. Заборски славеше против Полјакот Мациеј Богужевски со 3-1, но загуби со 5-0 од Ваи Ли Ка од Хонг Конг. Додека Иво Цевтковски (-75 кг) забележа две победи и пораз, при резултат 0-0. Тој славеше над Џордан Маер (Австралија) 3-0, а против Јонас Палесен (Данска) губеше 2-1, но ја доби борбата, најверојатно поради дисквалификација на противникот,можеби поради силен удар о дкој заработил поовреда, па можеби тоа е причината што со Французинот Жулиен Кафаро борбата е 0-0, а победата му е доделена на францускиот натпреварувач.

Во категоријата до 84 килограми Виктор Крстевски во првото коло е елеиминиран по 0-0 од страна на Деан Грили од Белгија.

Симон Антиќ (Макпетрол) забележа три победи во низа. Тој ги совлада Брајан Тимерманс (Холандија) 1-1, Александер Георџиф (Австралија) 4-0, Жулиом Тремблеј (Канада) 3-0, а за влез во полуфиналето се бореше против Валери Чоботар од Украина и беше совладан со 2-1

Ана Марија Несторовска (Металург) во првата средба беше совлдана со 2-1 од Ноеми Корнфелд од Швајцарија. Во оваа категорија Симона Заборска (Макпетрол), која стартуваше од второто коло, прво забележа победа против Бетина Алсштадсетер од Норвешка со 2-1, за потоа борбата со Мерион Фарнсози од Швајцарија да заврши 2-2, а победата да и биде доделена на Швајцарката. И Наташа Стефановска (Макпетрол) е со биланс 1-1. Таа ја победи,но во првото коло, Дилета ди Бендето (Италија) 0-0, а загуби од Бразилката Оливеира Маикен де Стефен Мачадо со 4-3.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО