Австралискиот боксер Дејвид Браун по нокаутот почина

David-Browne-Jr-crop

Боксерот од Австралија, Дејвид Браун Јуниор, почина од повреда на мозокот која ја заработил на меч.

Борбата се одржала во Ингелбурн, Австралија, а 28-годишниот Браун е поразен со нокаут од Филипинецот Карл Магали. Нокаут се случил на 30 секунди пред крајот на последната, 12-та рунда. По нокаут Браун накратко ја поврати свеста, но набрзо потоа пак се онесвестил и е пренесен во болница. За жал, поради тешките повреди на мозокот на крајот почина.

Во текот на професионалната кариера Браун оствари скор од 22 победи, 2 порази, а еден негов меч завршил без победник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО