Артур Бетербиев се оперира

Непоразениот руски боксер Артур Бетербиев на социјалните мрежи соопшти дека бил опериран.

Според Бетербиев, се поминало добро. Од денеска тој веќе е отпуштен и го започна процесот на опоравување. Артур покажа слика од болницата и им се заблагодари на лекарите.

„За време на екстремните тренинзи се повредив, но сепак успеав да го продолжам тренинг кампот за што сум многу среќен. Додека бев во Москва отидов на операција.

Бев многу задоволен од услугата и учтивоста на персоналот во болницата.

Посебна благодарност до д-р Артиш Ондар! Сега ќе закрепнам и наскоро ќе се вратам на тренинзите“, напиша Бетербиев.

Потсетуваме дека во јуни Бетербиев го нокаутира Американецот Џо Смит Јуниор во обединувачки меч. Во игра беа три шампионски појаси во полутешка категорија: ВБЦ и ИБФ титулите на Бетербиев и ВБО појасот на Смит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО