Ардијан Аземи го прими бронзениот медал: Oва е голем успех за мене, ќе се стремиме достојно да се претставам и на СП

„Oва е голем успех за мене, бидејќи сум прва година во младинска конкуренција“, вели освојувачот на бронзениот медал на Европското првенство за јуниори до 19 години во Будва-Црна Гора, Ардијан Аземи кој денес на свечен начин го прими првиот младински медал за Македонија на европските првенства.

„Жал ми е што изгубив од Русинот за финале, иако бев убеден дека ќе бидам  победник“, истакнува Аземи и додава:

„Но, ова е голем успех за боксот во Македонија. Се радувам дека по 23 години Македонија пак се враќа од европско првенство со медал. И благодарам многу на тренерите Насер Харуни и Блерим Саити кои многу работеа со мене“.

За она што го чека во иднина Ардијан вели:

„Ме чека Светското првенство во април во Килце, Полска. Ќе се стремиме на најдобар можен начин и таму достојно да се претставиме“.

Секако, еден од најзаслужните за успехот на Ардијан Аземи е тренерот Насер Харуни.

„Ардијан избоксира одлчни борби со Полјакот, Хрватот и на крај со Русинот, од кого „изгуби“ со тесен резултат од 2-3. Покажа дека е наша  голема надеж во тешка категорија и мсилам дека тука нема да запреме“, нагласи Харуни.

Да потсетиме дека ова е историски медал, прв во јуниорска конкуренција, бидејќи Македонија на европските првенства на освоила медал 25 години, но во кадетска конкуренција од страна на Прислав Димовски на ЕП во Турција 1995 година. Додека 1997 година во Битола Фатон Салиху освои златен медал, а Дарко Чатлески и Денис Георгиевски бронзени.

Вели Мумин бронзи за сениори на ЕП 2006 во Истанбул и 2008 година во Ливерпул.

На ЕП настапија 175 боксери (113 мажи и 62 жени) од 22 држави.

Титулата во тешка категорија ја освои Микита Горбатенко од Украина,кој во финалето го совлада Русинот Власислав Комаров. Вториот бронзен медал е за Ремзо Мустафиќ од Косово.

ЕП во бокс:

91 кг Ардијан Аземи – Јакуб Сарзевски (Полска) 5-0

Ардијан Аземи – Дује Гацина (Хрватска) 5-0

Адријан Аземи – Владислав Комаров (Русија) 2-3

https://streamable.com/1ecn5w

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО