Димовски: Овој медал е потврда на работата Федерацијата во последните неколку години

На претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) Примислав Димовски му припадна честа да ги доделува медалите во тешка категорија на Европското првенство за боксери до 19 години во Будва, Црна Гора, и да му ја врачи бронзата на нашиот тешкаш Ардијан Аземи кој го освои првиот медал за Македонија на европските шампионати во јуниорска конкуренција.

Димовски за Ипон.мк се осврна успехот на Аземи и за тоа што значи ова за македонскиот бокс и за понатамошните активности БФМ.

„Овој медал е потврда на работата Федерацијата во последните неколку години, за да го врати боксот кај нас онаму кај што му е местото. Со овој медал успеавме и веќе понатаму сериозно ќе работиме на континуитет во успесите и понатаму очекуваме понатаму добри резултати. Првин да помине кризата со пандемијата и продолжуваме со активности околу подготовки на боксери за интернационални турнири и првенства. Продолжуваме и со семинари за едукација на стручен кадар во боксот“, истакна Димовски.

https://streamable.com/1ecn5w

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО