Анте Делија e во финалето на ПФЛ турнирот! Дубровчанецот го совлада Бразилецот Фереира со прекин во 1. рунда

Хрватскиот ММА борец Анте Делија избори финале на турнирот во тешка категорија на ПФЛ. Во борбата за титулата на настанот ПФЛ 8 во Кардиф, дубровчанецот со прекин во првата рунда го победи Бразилецот Ренан Фереира.

Ученикот на Кро Кап на тој начин стигна до својата 22-ра победа во кариерата и трета сезонава.

Пред вечерашниот триумф го совлада Шелтон Грејвс, а сезоната ја започна со победа против Матеус Шефел со кој ќе се соочи во финалето.

Имено, бразилскиот борец го победи Хуан Адамс во второто полуфинале со прекин во третата рунда.

Анте одлично влезе во натпреварот и по неколку размени на удари го однесе противникот до оградата. По извесно време го собори Бразилецот и ја зазеде горна позиција.

Делија долго време бараше шанса да го заврши мечот и таа се појави во последната минута. Дубровчанецот тргна во жесток напад и на половина минута пред крајот на првата рунда судијата ја прекина борбата.

Тоа е негова десета победа со нокаут во кариерата.

Во аголот на Делија, освен Стипе Дрвиш, овојпат беше и неговиот ментор во боречките вештини Мирко Филиповиќ, кој беше со него во минатогодишното полуфинале кога го совлада големиот фаворит Голчов.

Хравтскиот борец вторпат по ред е во финалето на турнирот. Лани во борбата за милион долари загуби со одлука на судиите од Бразилецот Бруно Капелоца.

Финалето на овогодинешната сезона на ПФЛ ќе се одржи на 25 ноември.

Во финалето во полусредна категорија ќе се борат Дилано Тејлор и Садибу Сај.

Резултати ПФЛ во Кардиф:
Дилано Тејлор – Рори Мекдоналд – ТКО, Р1 (3:59)
Анте Делија – Ренан Фереира – ТКО, Р1 4:31
Матеус Шефел – Хуан Адамс – ТКО, Р3 (3:45)
Садибу Си – Карлос Леал – едногласна одлука (29-27, 29.27, 29-27)
Нејтан Кели – Бен Елис – завршница (задушување од позади), Р1 (2:45)

Воведни борби:
Џош О’Конор – Емран Сахизада – завршница (гушењеод позади), Р3 (2:56)
Марчин Војчик – Мик Стентон – завршница (гушењеод позади), Р1 (4:04)
Крис Миксан – Кристијан Стигенберг – поделена одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Шимон Бајор – Рони Маркс – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО