Ана Николовска го доби признанието „Спортска личност на годината 2017“ за „Денот на Австралија“

Ana Nikolovska so priznanieto

Македонската каратистка Ана Николовска на Денот на Австралија (26 јануари) го доби признанието „Спортска личност на годината 2017“ од Советот на Бајсајд, општина во Сиднеј. Бајсајд Кансил контролира 32 општини со 152.814 жители.

ana-nikolovska-so-peharite-oktomvri-2016

„Признанието ми го доделија Грег Врајт, администратор на Бајсајд Кансил и генералниот менаџер Мередит Валас. Наградата ми е доделена на основа на сите успеси во последните години.  Денес на 26 јануари на Денот на Австралија“, изјави Николовска за Ipon.mk.

Да потсетиме дека Николовска на 23 октомври го освои бронзениот медал во кумите на Националното сестилско првенство на Австралија за кадети  (14-15 години) од  5 кју  до црн појас и златниот медал со ката тимот во конкуренција до 17 години.

Претходно на 9 септември во Мелбоурне на Националното шотокан првенство (СКИА) освои златен медал во кумите 14-15 години од 5 кју до црн појас и сребро со јуниорскиот ката тим.

Николовска настапува за КК Драгон шотокан од Сиднеј кај тренерот Лешчек Смирски, карате мајстор 6-ти дан. Таа е постојан член е на репрезентацијата на Нов Јужен Велс.

>>Златен и бронзен медал за Ана Николовска на Националното карате првенство на Австралија<<

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО