АМС: Боксерската федерација мора да ги врати 350-те илјади евра

Боксерската федерација на Македонија (БФМ) мора да ги врати 350-те илјади евра (она што останало од нив – н.з.) кои и беа доделни од претходната Влада кон крајот на 2016 година, одлучила Агенцијата за млади и спорт вели директорот Дарко Каевски.

„Имаме извноредни односи со БФМ и се договоривме да ги вратат парите поради несоодветното трошење, но и да ги елиминираме незаконските постапки на претходната Влада. АМС сака да има чиста ситруација, затоа се договоривме БФМ да конкурира со конкретни проекти, за да и доделиме средства“, изјави Каевски за Ипон.мк.

Претседателот на БФМ, Игор Златков, за новонастанатата ситуација вели: „Кога ќе одговори на дописите (Каевски-н.з.), тогаш ќе излеземе со официјален став“.

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО