Аманда Нуњеш: Не знам како Ронда стигнала толку далеку

amanda-i-zaboduva-udar-na-ronda

Откако ја нокаутира Ронда Русеј на УФЦ 207 и ја одбрани титулата, Аманда Нуњеш продолжи да додава сол во раната на поранешната шампионка.

„Леоа“ не и остави шанси на „Роуди“ и за само 48 секунди во октагонот ја нокутираше, искористувајќи го разорниот страјкинг.

Зборувајќи за средбата со Русеј, Нуњеш се довери дека нема идеа како Ронда стигнала толку далеку во категоријата.

„Не знам како Ронда Русеј стигнала толку далеку во оваа дивизија. Не разбирам зошто сите оние девојки загубија против неа. Знаев уште од првиот меч во УФЦ дека ќе ја победам Ронда. Требаше да бидам трпелива и да оставам коцките да се наредат. Тоа беше денот кога требаше да се докажам на сите. И го направив“.

Нуњеш дури призна дека тренингот за средбата со Миша Тејт за УФЦ 200 бил потежок отколку овој за Ронда.

„Всушност, подготовките за Миша Тејт беа потешки отколку овие за Русеј. Да, ја преценив Ронда. УФЦ направи така. Тие ја поставија на место на кое таа не припаѓа. Знаев дека ќе ја победам уште од моментот кога ја видов дека се бори“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО