Ален Рустемовски против Русин во финалето на „Златна ракавица“

Ален Рустемовски денес ќе се бори во финалето на 66. Златна ракавица во Чачак, Србија, против Русинот Евгени Лјашков.

Лјашков беше подобар од Крузито Ковач од Унгарија и славеше со судиска одлука 3-0.

Рустемовски директно се пласира во финалето во категоријата до 57 килограми, бидејќи имаше многу откажувања на турнирот. Но, во финалето има тежок противник.

На Златната ракавица настапуваат 54 сениори и 12 сениорки. Битката за најдобар тим на турнирот ја водат Русија, Србија и Франција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО