Александар Волков: Ова ми е најголемата победа во кариерата (ВИДЕО)

Александар Волков и Фабрицио Вердум се сретнаа во главната борбаа на УФЦ Фајт најт 127 во Лондон, при што по четири рнди Волков го нокаутира поранешниот шампион.

Еве што изајви по борбата „Драго“:

„Се чувствувам прекрасно како победник. Се разбира, ова е најголемата победа во мојата кариера. Неодамна тој беше шампион во тешка категорија. Се чувствувам подобро и целта ми е меч за титулата. Се обидов да ги најдам неговите грешки и да го нокаутирам, да го начекам кога се чувствува добро и не мисли дека сум закана за него. Тој се потпре само на размавнување, но јас се одбранив од нив. Почувствував дека ќе се измори, а тој не очекуваше никаква опасност од мене, но го нокаутирав. Јас би бил многу благодарен ако УФЦ ми даде шанса да се борам за титулата“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО