АктуелноКик боксТурнири

Бобан Илиоски со нокаут до златниот медал на Европскиот куп Србија опен (ФОТО)

Бобан Илиоски (-81 кг) во извонредна борба со прекин во втората рунда го освои првото место во  К-1 за сениори на Европскиот куп Србија опен во Белград.

Илисоки во финалето го победи Никола Дробњак од КБК 011 од Србија и денес го освои третиот златен метал за неговиот клуб – Шампион од Скопје, вкупно четврти. Неговото летечко колно беше пресудно да го демолира противникот.

„Презадоволен сум од резултатите на КБК Шампион, се повеќе на турнирите се покажува како најдобар, а тоа, пред се, е резултат на дисциплината и спортскиот режим, како на тренинзите така и надвор од него. Штотуку и почнува кариерата на нашите репрезентативци. Европските купови се мерило на нашите борци до каде се и колку се подготвени. Главното се случува во втората половина на годината, кога се сите европски и светски првенства на кои очекувам врвни резултати“, вели претседателот на Кик боксинг федерацијата на Македонија Дејан Митровски Урко кој доби благодарница од организаторот.

Ipon.mk

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON