АктуелноБоксПрофесионален

Александар Усик верува дека младата британска ѕвезда наскоро ќе стане светски шампион

Непоразениот украински борец Александар Усик минатата година двапати го победи Тајсон Фјури во меч за апсолутната титула во тешка категорија кон средината на мај, а потоа и во реванш на крајот од годината.

Тој е меѓу тројцата борци, заедно со Теренс Крофорд и Наоја Иное, кои се единствените што ги обединија титулите во три различни тежински категории. Усик успеа да го направи тоа во полутешка категоријата и во тешка категорија.

Брилијантниот Украинец (ги држи титулите ВБА (Супер), ВБЦ и ВБО) ќе се обиде повторно да стане неоспорен шампион во тешка категорија на 19 јули на Вембли кога ќе се сретне со носителот на титулата на ИБФ, Даниел Дубоа.

Усик има 38 години и не е тајна дека сака да има уште неколку борби пред пензионирањето. Неодамна изјави дека негов наследник би можел да биде младата британска ѕвезда Мозес Итаума.

„Следниот шампион во тешка категорија ќе биде Мозес Итаума, тој е одличен борец. Млад, има дваесет години. Мислам дека Итаума има светла иднина пред себе“, рече Александар Усик.

Големата британска надеж прави огромни чекори кон врвот на ранг-листата во тешка категорија. Со резултат од 12-0, 20-годишниот тешкаш ги заврши десет од своите противници со прекин во првата или втората рунда.

Непоразениот нокаутер Мозес Итаума на 16 август во Ријад ќе се соочи со најголемиот предизвик во кариерата, кога ќе се бори со сонародникот Дилиен Вајт.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON