Александар Ракиќ потпиша договор со УФЦ за шест борби

Натпреварувачот во полутешка категорија на УФЦ, Александар Ракиќ, објави дека потпишал нов договор за шест борби со УФЦ.

28-годишниот Австриец ја објави веста на својот Инстаграм.

https://www.instagram.com/p/B8qGkrGAzWy/?utm_source=ig_embed

„Задоволство ми е да соопштам дека потпишав нов договор за шест меча со УФЦ. Ова е мојот трет договор со компанијата во последните две години“.

Ракиќ во моментов е на 10-то место на ран- листата во полутешка категорија. Дебито го направи во 2017 година, со одлука на судиите го победи Франсимар Баросо. Потоа забележа уште една победа со судиска одлука над Џастин Ледет. А потоа почна да ја покажува нокаутирачката сила со две последователни победи над Девин Кларк и Џими Манува.

Потоа  тој влезе во УФЦ Бусан и ја доби борбата со топ борецот Волкан Оздемир. По 15-минутна оспорувана битка, Оздемир излезе победник со прилично контроверзна судиска одлука. Многумина мислеа дека Ракиќ требаше да победи. Но, средбата беше толку оспорувана што Ракиќ не сакаше ништо да загуби. Всушност, УФЦ виде доволно, за да му понуди нов договор.

Во моментов ракиќ нема противник за следната битка, но може да се очекува двобој против ветеранот Маурисио Руа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО