Александар Димовски-Димса: Тешкашкиот турнир на ОНЕ е голем предизвик за мене!

Александар Димовски – Димса утре е пред голем предизвик на тешкашкиот турнир на четиримината „Роуд ту ОНЕ Србија“, официјални квалификации за азиската промоција ОНЕ Чемпионшип која зема се поголем замав во кикбоксот и ММА. Димовски во полуфиналето ќе се сретне со Никола Филиповиќ од Србија.

Покрај Димовски и Филиповиќ на турнирот ќе учествуваат Анто Шириќ од Хрватска и Мирослав Вујовиќ од Црна Гора. Победникот оди на завршниот турнир на осумината, а победникот на целиот турнир потпишува договор со ОНЕ.

Димовски вели дека ги познава противниците и дека со Вујовиќ два пати се борел и резултатот е 1-1, а за противникот во полуфиналето Филиповиќ истакнува дека е светски и европски првак во ВАКО.

Уште еден голем предизвик во професионланта кариера. Кои се твоите очкувања на турнирот на четирмината на Роуд ту ОНЕ?

-Да, навистина е голем предизвик. Пред се, затоа што поголемиот дел од подготовките ги изработив во карантин со затворени клубови, без тим за тренинг.

Како дојде до овој меч?

-До мечот дојде на покана на председателот на Кик бокс маитаи федерацијата на Макеоднија, Дејан Митровски – Урко. Јас ги прифатив условите и се радувам на нашата соработка.

ОНЕ е голем предизвик, поради тоа што оваа азиска промоција по вложувањето сака да се доближи до УФЦ и Белатор.  Дали ова е дополнителен предизвик за тебе?

-Чест ми е да сум дел од ваков турнир. ОНЕ е најголемата азиска организација која нуди К-1, ММА и мај тај во своите настани и навистина брзо се шири низ светот.

Што стана со шампионскиот меч во Кинг оф д кингс, кој се одложи поради коронавирусот?

-КОК се одложи, како што знаете. Потоа работите не течеа како предходно. Тие продолжија свои настани, јас по својот план.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО