Александар Димовски – Димса се враќа во боксерскиот ринг со БК Пелистер

plakat-na-bk-pelister-za-dp

Алексанадар Димовски – Димса по неколкугодишно отсуство се враќа во боксерскиот ринг и тоа во родната Битола на Државното боксерско првенство утре и во сабота.

plakat-bk-pelister-2

„Среќен сум што влегувам во бокс рингот и тоа пред мојата публика. Како и сите од нашиот клуб и јас ќе дадам се од себе да се претставам во најдобро светло, но и како клуб и како град“, вели Димовски кој има успешна кик бокс кариера, како на домашен така и на меѓународен план.

„Планирам паралелно да настапувам во двата спорта. Нормално, со божја помош. Да бидам здрав, без повреди, да тренирам, да се подготвувам, па другото е полесниот дел“, потенцира Димса.

Тој вели дека подготовките за Држвното првенство се готови и поминале одлично, а нивниот клуб ќе настапи со 8-9 боксери во сите конкуренции: кадети, јуниори и сениори.

Инаку ќе настапат заедно како БК Пелистер. Покрај него се очекува да настапи и Александар Најдовски кој исто така има забележителни резултати во кикбоксот.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО