Ако Конор Мек Грегор го победи Мејведер, може веќе и да не се бори

Иско речиси никој не верува дека Конор Мек Грегор може да забележи победа над Флојд Мјеведер, сепак помислата за првиот пораз на легендарниот боксер и тоа од ММА борец е интригантна. Но за разлика од повеќето фанови на Ирецот, тренинг партнерот на Мек Грегор, Гунар Нелсон не верува дека победа над Мејведер позитивно ќе се одрази на неговата кариера во ММА.

„Никогаш не знаеш што ќе направи тој потоа. Ако го победи Мејведер не сум сигурен дека воопшто повторно ќе се бори. Не знам, но сигурно ќе го видиме во некој друг луд потфат.

Или, пак, ќе се бори со Хабиб Нумагомедов ако е во форма. Нели, имаше нешто што не беше во ред со неговите бубрези во последно време. Ќе видиме што ќе направи, но Конор се фокусира на работите една по една. Во моментов е фокусиран на Флојд Мејведер“.

Некој ќе го обвини Мек Грегор, ако се откаже од борбите по победата над Мани? Сепак очекуваната добивка е огромна. Дефинитивно, парите се доволни за да води мирен живот во Ирска, заедно со своето семејство, без повторно да го ризикува здравјето во кафезот или рингот.

„Едноставно, не знам зошто би сакал да се врати во УФЦ“, продолжува со аргументитеНелсон. „Се разбира, секогаш има уште нешто повеќе. Но, сепак, тој ќе има бебе и не знам тогаш што ќе му се сврти во главата. Ќе има купишта пари. Можеби ќе направи уште еден бокс меч, ако овој помине добро. Ќе видиме“.

Вистината е дека има уште време и неизвесности до дуелот со Мејведер, но по се изгледа дека Мек Грегор ќе го добие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО