Аикидо клубот „Нико“ од Кочани од други причини може да престане со работа!?

aikido plostad nikolco

Аикидо клубот “Нико“ најверојатно ќе мора да ги прекине тренинзите затоа што останува без простор во кој ќе може да работи. Вратите на салата на ОУ “’Никола Карев“, каде досега се тренираше, ќе бидат затворени за членовите на клубот и за рекреативците кои посетуваа кардио фитнес, пренесуваат локалните медиуми од Кочани, ТВ Канал 8 и порталот komarec.com.mk.

Аикидото беше вистинско освежување за кочанската спосртска сцена и беше прифатен од јавноста, како и кардио фитенс тренизните, со кои се активираше женскиот пол, пред се оние над 30 години.

Во известувањето од „Нико“, како што пренесуваат медиумите, е нагласено дека без никакво дополнително објаснување во петокот навечер, токму за време на тренингот, им бил доставен писмен допис во кој било нагласено оти заклучно со 6 септември договорот за користење им истекол.

niko kocani

Според насоките одговорните во клубот требало за неколку дена да ги соберат реквизитите за вежбање и да ги ослободат досегашните термини за користење на салата.

Со тоа прекинува соработката меѓу клубот и основното училиште, за која и двете страни имаа пофални зборови. Неколкуте возрасни групи што вкупно броеја 80-тина активни членови, кои тренираа аикидо, засега остануваат на улица, а во „Нико“ не знаат дали клубот воопшто и ќе продолжи со работа.

Директорот на ОУ „Никола Карев“, Владо Андов, за Канал 8 во телефонски разговор рекол дека нема ништо спорно во сето ова, со оглед што договорот за користење на салата на аикидо клубот му истекол, а не постоела обврска да се обнови.

Исто така, според насоките што биле добиени од Општина Кочани, било планирано во наредниот период објектот да почне да се користи за развој на други колективни спортови. Освен за футсал екипата, што беше формирана пред една ипол година, веќе биле започнати активности за формирање одбојкарски, како и ракометен клуб во машка и женска категорија.

niko kocani 2

Според Андов, сумата што била наплатувана од час за користење на салата била премногу ниска за покривање на трошоците, а освен тоа и раководните лица на аикидо клубот веќе не живееле во Кочани (но се со лична карата од Кочани и се редовни во тернинзите). Постоењето на клубот воопшто не доаѓало во прашање, затоа што тренинзите можеле да се реализираат и во другите спортски сали во градот.

Од наша страна ќе додадеме дека секоја Општина треба да се гордее да има така популрен спорт и мајстор на боречките вештини, кој е во врвот на македонското аикидо. А вчера беше еден од главните демонстранти на плоштадот „Карпошово востание“ во Скопје на  „Европскaта недела на спортот“, во чие одбележување е вклучена и Република Македонија преку реализација на два проекти финансирани од соодветните програми на Европската комисија („Отворен ден на спортот- 7септември“ и “Ден на училишен и универзитетски спорт -11септември“), во организација на Агенцијата за млади и спорт.

ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО