Рамазан Бакија трет на Балканскиот пеливански турнир во Бугарија!

Pelivani vo Bg borba

 Рамазан Бакија на Меѓународниот Балкански турнир во традиционално пеливанско борење го освои трето место. Турнирот се одржа во неделата во Шумин во Бугарија.

Pelivani vo BG

„Третото место гоосвои во  баш категорија, односно над 95 кг  Доколку судиите беа по објективни, Бакија требеше да биде во финале и да се бори за првото место. И покрај нечесното судење, нашиот претставник го даде максимумот од себе и го освои 3-тото место“, вели генралниот секретар на Федерацијата за пеливанско боренје на Македонија, Хамид Бакија.

pelivani vo bg so bakija

Тој посочува дека и Самир Ибраими во категоријата до 85 кг (трета рака) оставил голем впечаток на меѓународната сцен. Ибраими се борел без почит кон противниците.

pelivani ekipa vo bg

„Исто така и тој беше оштетен од судијата. Требаше да освои медал, за жал остана  на 4 место. Орхан Имери во категоријатата до 95 кг во -2- група го повреди рамото, па ја предаде борбата, иако беше посупериорен од Турчинот Сафет Басри“, истакнува Бакија.

Bakija Hamid vo Bg sopelivani

Македонската репрезентација ја предводеја кординаторот Фтмир Азизи и Хамид Бакија, генерален секретар, кои се задоволни од она што го покажаа нашите пеливани.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО