Стефановски, Трајковски, Петровски и Андов ќе го остават срцето во кафезот пред велешани!

Dejan Stefanovski vo Napad

Се приближува датумот за ММА настанот во Велес од серијата Сикст фајт најт што ќе се одржи на 24 октомври. Веруваме дека спортската сала во Велес ќе биде исполнета до последното место.

Борците на ММА клубот „Будо“ со огромна енергија и желба се подготвуваат за овие средби во кафезот, зашто ќе настапуваат пред домашната публика, а се очекува да ја има како во времето на РК Борец и ОК Борец, неколку илјади. Велат дека се максимално сконцентриарни и дека тренираат напорно со своите спаринг партнери. Во кафезот ќе дадат се од себе за да се прикажат во најдобро светло пред својата публика,односно дека и срцето ќе го остават во кафезот.

Trajkovski dejan mma

Дејан Трајковски досега има 2 профи борби и 3 аматерски, а сума-сумарум пет победи. Тој ќе се бори против Ведин Исламовиќ во категоријата до 77 килограми. Златко Петровски има една профи борба, во која тој излезе како победник. Негов противник е АладинОсманчевиќ, во ситата категорија како и Трајковски.

Zlatko Petrovski mma

Дејан Сетфановски може да се рече дека има поголемо искуство, барем според тежината на борбите и турнирите. На 24 октомври тој ќе се бори против Јасмин Вршкиќ од Босна и Херцеговина во категоријата до 80 кг.

„Конечно пред моја публика! Да ја поправам лошата победа во Сплит! Едвај чекам“, вака регаираше неодамна Стефановски!

Тој пред две недели во Сплит на Сикст фајт најт 2 ја извојува втората победа по ред, откако претходно тоа го направи и во Никшиќ во Црна Гора.

dusan dzakic

Од друга страна српскиот ММА борец, Душан Џакиќ, кој е многу популарен во регионот и важи за ѕвезда на овој спорт, ја најави дека неговата следна борба е во Велес и тоа против Илија Андов.

Тој за Андов рече: „Силен борец! Не сакам многу да прогнозирам. Ракавиците се мали, гостински терен, а на „Ангелот на војната“ статистиката многу не му значи, бидејќи војната е непредвидливата убавина на животот. Единствено што ме радува во животот е тоа што повторно ќе се најдам очи в очи со некого кој сака да ми ја откине главата!

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО