„8 Септември“ за животно дело за Лазар Лечиќ, наградени се и Кичевски, Калач и Стојчевски

Screenshot 2015-09-08 15.22.56

Кошаркарската легенда Лазар Лечиќ, кого често го нарекуваа татко на кошарката во Македонија, Лазар Лечиќ, е добитник на Државната награда за животно дело во областа на спортот „8 Септември“ за 2015 година. Боречките спортови добија големо признание преку легендарниот каратист Димче Кичевски (посмртно), боксерскиот тренер Руждија Калач и Љупчо Стојчевски, кик-бокс –судија, селекторот и работник, како и алпинистот Здравко Дејановиќ.

Наградите им беа доделени на свечена церемонија во Собранието на Република Македонија што се одржа денеска по повод Денот на независноста на Републиката.

Добитникот на наградата за животно дело Лазар Лечиќ рече:

„Ова е дело на 50-годишна работа во која се вградени сите, од играчите до навивачите. Дадов многу за Македонија, а таа ми се реваншираше“.

Kicevski D
Димче Кичевски-постхумно награден

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасоски на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија истакна дека на овој голем дел каков што е денешниот се оддава признание на луѓе кои преку спортот на најдобар можен начин ја промовираат нашата држава на меѓународен план.

„Определбата на Владата на Република Македонија вистински да го поддржува спортот како масовниот, така и врвниот спорт веќе ги дава очекуваните резултати. За спортистите се утврдени можности на вреднување на нивните резултати и преку категоризација овозможивме целосна финансиска поддршка и стимулација за остварување на врвни спортски резултати. За младите и талентирани спортисти ја обезбедивме стипендијата „Спортска надеж“, а Владата направи историски исчекор со воведувањето на националното спортско признание за спортистите со кое доживотно материјално се обезбедуваат врз основа на остварен спортски резултат“,  истакна Спасовски.

Наградата „8 Септември“ се доделува по четврти пат на заслужни спортски работници кои ја промовирале Македонија во светот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО