АИБА го одложи вонредниот Конгрес

Вонредниот конгрес на Меѓународната боксерска асоцијација (АИБА), закажан за 20 март во Будимпешта, е одложен до 20 јуни заради коронавирусот, објави центрлата на АИБА.

„Во однос на развојот на состојбата со коронавирус во Европа, владите на различните земји размислуваат за рестриктивни мерки, вклучително и откажување на настаните, за да спречат ширење на коронавирусот“, рече в.д. претседател на асоцијацијата Мохамед Мустасан.

„АИБА доби писмо од Унгарската боксерска федерација во кое се бара одложување на Конгресот заради загриженоста на унгарските здравствени власти во врска со ширењето на коронавирусот и можните ризици за сите делегати. Унгарската федерација ја потврди подготвеноста да го прифати вонредниот Конгрес во 2020 година“, додаде Мустастан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО