Агентот на Баколе продолжува да го провоцира Вајлдер

Дионтеј Вајлдер продолжува да бара противник пред боксерскиот турнир во Саудиска Арабија, откако разговорите со Енди Руиз дојдоа во ќорсокак. Поради оваа причина агентот на Мартин Баколе – Били Нелсон, не престанува да го провоцира поранешниот шампион на ВБЦ да му договори шанса на својот боксер.

„Вајлдер вели дека сака да се бори најдобро. Ајде потоа да ги ставиме борј 1 и борј 2 во ВБА рангирањето. Мартин ќе го нокаутира. Тој е преголем техничар за него“, изјави Нелсон за Скај спорт.

„Бронзениот бомбардер“ последен пат го нокаутира Роберт Хелениус во првата рунда од нивниот судир во Бруклин минатиот октомври, додека Баколе го направи истото со Ихор Шеваџуцки во Жешов во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО