Шампионот на Октагон во полусредна категорија ја загуби титулата во Прага, но ја ќари жената (ВИДЕО)

Поранешниот шампион во полусредна категорија на Октагон, Лосене Кејта, можеби го доживеа првиот пораз во кафезот синоќа во Прага, но тоа не го спречи да ја запроси својата партнерка по борбата.

Тој при поразот од Мате Саникидѕе ја скрши ногата, по што во рингот се качи неговата девојка да го утеши, а сите во арената и пред ТВ екраните ги шокираше со тоа што падна на едното колено, извади прстен и ја побара нејзината рака за брак.

Двајцата се свршија под некои најчудни околности во историјата на боречките спортови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО