Адонис Стивенсон ја одбрани титулата светски шампион! (ВИДЕО)

adonis stivenson

Канаѓанецот Адонис Стивенсон (37 години) ја одбрани титулата светски шампион во полутешка категорија за професионалци на Светскиот боксерски совет, победувајќи го со нокаут во 5-тата рунда Дмитриј Сухотски од Русија.

Во 5-тата рунда Стивенсон три пати го прати во нокдаун рускиот боксер, по што судијата мораше да го прекине мечот. Канаѓанецот ја запиша својата 25 професионална победа, од кои 21 пред ударот на гонгот за крај на мечот, а има само 1 пораз. Дмитриј Сухотски го претрпе третиот пораз во 25 средби на професионалниот ринг.

http://youtu.be/Hr4lSRk_7hg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО