Кличко: Ова беше одлична година!

Кличко инстаграм

Светскиот шампион во тешка категорија на четири федерации – ИБФ, ВБА, ВБО и ИБО, Владимир Кличко, на својата страница на социјалната мрежа „инстаграм“ направи биланс на својата кариера како боксер и за приватниот живот во 2014 година.

“Годинава: раѓањето на мојата ќерка, две успешни одбрани на светските титули и многу други достигнувања на овој пат. Тоа беше одлична година, со нетрпение ја чекам 2015 -та. Јас сум подготвен за нови предизвици“, напиша Кличко!

Пред неколку дена на боксерот и на неговата пријателка Хајден Пенетир и се роди ќерка, на која и го дадоа името Каја – Евдокија Кличко. Кличко оваа година двапати ја одбрани титулата светски шампио, победувајќи ги со нокаут Алекс Липај, пролетва, и Кубрат Пулев, есенва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО