Адегбај го победи Маршал на Глори во Чикаго (ВИДЕО)

Глори го одржа првиот од двата настани што ги организира ден за ден во Чикаго.

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија Бенјамин Адегбај со едногласна одлука на судиите по втор пат во кариерата го победи Д’Анџело Маршал (30-26, 30-26, 30-26).

34-годишниот Романец го собори Маршал со десен аперкат во првата рунда. Борец роден во Куракао влезе во мечот со Адегбај, откако оваа година ги порази Џафар Вилнис и Даниел Шквор.

Во уште една тешкашка пресметка Полјакот Аркадиуш Врзосек со прекин во втората рунда го победи американецот Деморео Денис.

Во главната борба на вечерта, Американката Тифани Ван Соест ја победи Французинката Аниса Мексен во третиот обид и стана шампионка во супербантам.

https://www.youtube.com/watch?v=Amow9i9HEdQ&feature=emb_logo
https://www.youtube.com/watch?v=XFKxOi3E5B0&feature=emb_logo
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО