Абреша Реџепи со историски успех-петта на Европскиот куп во Анталија

Abresa Redzepi vo Spanija EK 2

Арбреша Реџепи забележа извонреден резултат за македонското џудо, освојувајќи го петото место на Купот на европските шампиони во кадетска конкуренција, во Анталија, Турција.

Реџепи во категоријата до 48 килограми на Купот на Европа, на кој учетвуваа повеќе од 320 џудисти, го освои петото место, што е еден од највпечатливите резултати во историјата на македонското џудо.

Реџепи во првото коло беше поразена од Кадер Диван од Турција, но во репасажот нашата репрезентативка ја совлада Изарелката Џули Снир со 2 јукоа, потоа и Бегаи Кизи Беишенали од Киргистан, но во борбата за бронзениот медал претрпе пораз од еден ипон од Наталија Кипшидѕе од Грузија.

Диван беше поразена во финалето од Германката Јана Гусенберг со еден ипон и ден вазари.

Селекторот Горан Мицкоски, потенцира дека е пропуштена можност да се освои и медал, до кој Арбреша била многу блиску.

„И покрај огромната конкуренција, Арбреша стигна до извонредното петто место. Во клучната битка и среќата не беше на наша страна во последните секунди, па за влакно пропуштивме можност за медал. Но, таков е спортот, една мала грешка не чинеше уште поголем успех. Во секој случај Реџепи покажа дека е подготвена веќе во својата конкуренција да се бори буквално со најдобрите во Европа. Нејзиното време доаѓа, сигурно сме дека таа во иднина ќе ја пишува историјата на џудото во Македонија“ – изјави селекторот Мицкоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО