Хамзат Чимаев го победи Жилберт Барнс во најтешкиот меч во кариерата

Хамзат Чимаев со едногласна одлука на судиите го победи Жилберт Барнс во фантастичен меч на настанот УФЦ 273 во Џексонвил и стигна до 11-та победа во кариерата.

Непоразениот Чимаев на овој меч доби повеќе удари отколку во сите десет борби досега.

Шведско-чеченскиот борец веднаш тргна да демолира, но Барнс успеа да се одбрани.

Чимаев веднаш ја покажа својата сила. Судијата по извесно време ја врати борбата на нозе и двајцата си разменија серија силни удари.

Во последната рунда со преден директ го собори Барнс, а со удари во партер се обиде да го заврши. Бразилецот успеа да се опорави, но рундата ја заврши со расекотина на главата.

Бранс се обиде да го собори противникот на почетокот на втората рунда, но Чимаев се извлече. На половина од рундата Жилберт со одличен удар го стресе Хамзат, но Борз се созеде.

И двајцата си разменија многу удари, но останаа на нозе. Бранс повторно одлично го погоди Чимаев во финишот, што добро го стресе.

Во првите две рунди и двајцата борци добро се исцрпија, што беше многу забележливо во последните пет минути. Ритамот на борбата падна, а сила не остана за какво било соборување. Разменија многу удари, но и двајцата на крајот се бореа на нозе.

Мекензи Дерн се врати со победа по минатогодишниот пораз од Марина Родригез.

Американката ја победи сонародничката Тесија Торес во неизвесен меч со поделена судиската одлука, тоа беше нејзина 12-та победа во кариерата.

Непоразениот Марк Медсен стигна до 12-тата професионална победа во кариерата и трета во УФЦ. Во првиот меч од главната програма данскиот борец со едногласна одлука на судиите го совлада Американецот Винс Пишел.

Освојувачот на сребрениот медал во борење од Рио беше поубедлив во првата рунда. Пичел се врати во втората, но во последната рунда не можеше да го издржи налетот на цврстиот Данец кој го собори на подот и ја контролираше борбата до крај. За Медсен тоа беше најголемиот тест во неговата ММА кариера досега.

Резултати од настанот УФЦ 273:

Хамзат Чимаев – Жилберт Барнс – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Мекензи Дерн – Тесија Торес – поделена одлука (28–29, 29–28,
Марк Медсен – Винк Пишел – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)

Воведни борби:
Јан Гари – Даријан Викс – едногласна одлука (29-28, 30-27, 30-27)
Ентони Хернандез  Џош Фремд – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Ракел Пенингтон  Аспен Лад – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Мајк Малот – Мики Гал – ТКО, Р1 (3:41)
Алексеј Олејник – Џаред Вандера – завршица (прегратка шал), Р1 (3:39)
Пјера Родригез – Кеј Хансен – едногласна одлука (29-28, 29-28, 29-28)
Хулио Арсе  Даниел Сантос – едногласна одлука (30-27, 30-27, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО